Силно невреме ги погоди Хрватска, Словенија и Италија

630

Невреме погоди делови на Хрватска, Словенија и Италија во доцните попладневни часови, а се очекува временските неприлики да се интензивираат во текот на ноќта.

Силното невреме во попладневните часови зафати делови од северозападна Хрватска, вклучувајќи го и подрачјето на Загреб.

Бурата зафати делови од Словенија, по должината на границата со Хрватска, како и делови на Корушка.

Во некои области падна и град, а пожарникарите, поради поплавени 20-тина објекти имаат полни раце работа, јавуваат хрватските медиуми.

Големите проблеми по силната бура има и во североисточниот дел на Италија.

Метеоролозите од Хидрометеоролошкиот институт на Хрватска најавуваат дека локалната нестабилност може да се интензивира преку ноќта. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...