Лутото бебе Трамп ќе лебди над Лондон (ФОТО)

138

Џиновски балон со ликот на американскиот претседател Доналд Трамп како налутено бебе ќе лебди над Лондон за време на неговата официјална посета на Британија, закажан за 13-ти јули.

Управата на лондонскиот регион денеска го одобри барањето да се дозволи поставување на портокалов балон, висок шест метри, во близина на зградата на Британскиот парламент, по петицијата под наслов „Дозволете му на бебето Трамп да лета“, која собра повеќе од 10 000 потписи.

Лондонските власти првично не го одобрија летањето на балонот во форма на Трамп како бебе со пелени, фризура и паметен телефон, наведува „Политико’“ во своето европско издание.

Меѓутоа, Лео Мари, лидер на групата, која стои зад идејата за балонот и петицијата, рече дека градот, поради бројот на потписи на петицијата, очигледно „повторно ја открил својата смисла за хумор“.

Додека балонот лебди, предвидена е и протестна прошетка во центарот на Лондон, а активистите, кои го создадоа балонот изразија надеж дека „бебето Трамп ќе го однесат на пат околу светот“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...