H&M не знае што да прави со огромните залихи непродадена стока

833

Шведскиот гигант H&M има проблем со големи залихи стока кои не може да ги продаде. Во последниот квартал има четири милијарди долари во непродадена стока. Залихите се зголемени за 13 отсто во однос на истиот период лани.

Огромните количини непродадена стока, кои се повеќе се зголемуваат, годинава доведоа до пад на профитот за 28 отсто.

– Вишокот стока стана главен проблем на компанијата – изјави аналитичарот Адам Кохран.

За решавање на проблемот, H&M подготвува неколку стратегии, кои засега не се објавени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...