Седмиот самит на Македонија 2025 од 7 до 10 ноември

221

Од 7-ми до 10-ти ноември, Скопје по седми пат ќе биде домаќин на Самитот Македонија 2025 на кој се споделуваат последните светски трендови во бизнисот, инвестициите, технолошките иновации и одговорното лидерство.

Организаторот очекува над 50 говорници од кои повеќе од 20-тина веќе го потврдриле своето учество, меѓу кои: Скот Ресник – Извршен Директор на StartingBlock Madison – САД, Максимилијан Ламбертсон од Одделот за истражување на The Economist – Велика Британија, Игор И. Тулевски – Кардиолог и коосновач на кардиолошките центри во Холандија, Кати Ицева – Главен менаџер за софтверско инженерство во Мајкрософт – САД, Љупка Арсова постар инженер за животна средина во Eastern Research Group, Inc., САД, Сесилија Херцел – партнер и директор по стратегии во Odyssey AB, Шведска….

Официјалната програма на Самитот ќе биде исполнета со над 20 панел-дискусии и паралелни работилници. Се очекуваат дебати за вредносно лидерство, стратегии за brain gain, светските економски трендови, регионалните инвестиции и економските перспективи. Ќе се зборува и за најдобрите практики во изворите на обновлива енергија, научните паркови и центрите за иновации, а особено внимание ќе биде посветено и на најновите технологии во здравствената грижа.

– Годинава ги славиме филантропијата, лидерството и успехот. Одбележуваме седум години од Самитот Македонија 2025 и 10 години од постоењето на организацијата. Па така, првпат ќе биде организирана и добротворна гала-вечер во чест на Џон Битов постариот, каде ќе бидат претставени успешни стории на тројца талентирани студенти од ранливи категории, кои добија средства од добротворниот фонд на Македонија 2025 и прв пат ќе биде врачена статуетката Џон Битов постариот, наведуваат од Македонија 2025.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...