Русија отфрла било каква вина за новото труење кај Солсбери

Руската амбасада во Холандија, која е задолжена за соработка со Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ), преку Твитер порача дека ги отфрли обвиненијата оти новиот случај на труење на двајца Британци кај Солсбери е предизвикан од руски нервен отров.

109

– Колку глупавa мислат дека е Русија за „повторно“ да го употреби таканаречениот отров „новичок“ и тоа за време на Светското превенство во фудбал? Шоуто мора да продолжи? – обвини руската амбасада.

Маж и жена идентификувани како Џоан Старџис и Чарли Роули беа пронајдени во бессознание во саботата во близина на Солсбери и се смета дека биле во допир со преостанати количества од отровот „новичок“.

Британското контраразузнавање потврди дека повредите на Старџис и Роули се предизвикани од овој отров.

Пребегнатиот руски разузнавач Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во март беа затруени од овој отров во Солсбери, но го преживеаа нападот за кој Велика Британија ја обвини Русија. Русија целосно негираше вмешаност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.

loading...