Мадона се најде во централот на политичка бура во Лисабон, Португалија, откако од градскиот совет добила дозвола за паркирање на повеќе автомобили на јавен простор, по ниска цена, објави британски „Телеграф“.
На пејачката и дозволиле да го користи просторот зад дворец во близина на нејзиниот дом во Лисабон, по цена од 720 евра месечно за место за 15 возила.
Градоначалникот на Лисабон, Фернандо Медина, со договорот предизвикал гнев кај градските опозициски партии и локалните жители. Имало поплаки дека американската ѕвезда добива посебен третман.
– Петнаесет паркинг места за Мадона. Не може да дозволиме Фернандо Медина да го користи лисабонскиот градски совет. Останавме без зборови за оваа невообичаена ситуација. Мадона е добредојдена во Лисабон, но ова не може вака – реагирале од опозициските партии.
Мадона престојува во Лисабон од 2017 година.