Холивудскиот актер се нашол под истрага за сексуална злоупотреба на уште тројца мажи, што бројот на оние кои го обвинуват го зголемува на осум луѓе. Британската полиција соопшти дека ги истражува тврдењата на уште три други лица, кои го обвинуваат американскиот актер Кевин Спејси за сексуални напади.
Трите нови пријавени инциденти се случиле во 1996., 2008. и 2013. година.
Веста за овие злоупотреби се појавила во текот на интервјуто во кое актерот Гај Пирс признал дека Спејси кон него се однесувал чудно.
– Со Кевин беше тешко на сетот. Тешко ми е да зборувам за тоа. Тој е неверојатен актер, но да, беше тешко со него – открил Пирс додавајќи дека Спејси е многу снаодлива личност.
„Беше среќа што тогаш имав 29. години, а не 14.“ рекол Гај, пренесува „Дејли мејл“
Спејси кој веќе подолг период се држи подалеку од јавноста, на екранот ќе се појави барем уште еднаш во надоаѓачкиот филм „Клубот на момчиња милијардери“.