Ресен ќе добие обиколница

175

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески најави дека во тек е постапка за изработка на проект за изградба на обиколница во Ресен, како едно од најголемите барања на Општината во делот на инфраструктурата.

– Разговаравме за инфраструктураните проекти што се реализираат во општината како со поддршка од централната власт, така и проектите што ги реализира општината.
Она што му недостасува на градот е обиколница за што сакам да најавам дека во тек е тендерот за изработка на проект за обиколница Ресен. Некаде до средината на август ќе заврши постапката и веднаш ќе почнеме со изработка на проектот со средства од буџетот на ЈП за државни патишта. Откако ќе го направиме проектот ќе ги видиме решенијата и динамиката на изградба на обиколницата со што ќе ги растеретиме улиците низ градот од товарни возила – рече Сугарески.

Тој додаде дека во делот на проектитет што ги реализирааат преку Министерството за транспорт, извршиле увид во реконструкција на водоводната мрежа во градот. Се работи за вкупна инвестиција од 36 милиони денари. Ова е втора фаза од проектот, со овој зафат ќе се реконструира водоводот во четири улици во градот во должина од 2 километри или вкупно со двете фази ќе се изврши реконструкција на 5,5 километри водоводна мрежа.

– Со тоа жителите на Ресен ќе добијат квалитетна вода, ќе се реши долгогодишниот проблем со застарената мрежа и честите дефекти, така да ресенчани можат да бидат спокојни во однос на ова прашање – рече Сугарески.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...