Американка пукала со огнено оружје и го убила синот поради тоа што сакал да ја стави во старечки дом. Настанот се случил во Феникс, објавија властите во Аризона.
– Ми го одзеде животот, па така и јас го одземам твојот – повторувала Ана Мае Блесинг кога полицијата пристигнала во нејзината куќа, кај што и се случило злосторството.
На убиството му претходела расправија на Блесинг со нејзиниот 72-годишен син и неговата девојка. Старицата се обидела да пука и во неговата пријателка, но оваа успеала да и го одземе пиштолот, соопштува полицијата.
Таа чувала два револвера во фиока од наткасната до креветот.
Блесиинг, која е во својата десетта деценија од животот, се соочува со обвиненија за убиство со умисла, напад со огнено оружје, и за киднапирање.
ФОТО: Твитер