Во западниот дел на САД се шират големи пожари поради што илјаднци луѓе морале да бидат надвор од своите домови на вчерашниоот празник Ден на независноста.
Воведена е и забрана за користење на огномети за да се спречи појава на нови пожари.
Националната агенција за пожари на САД соопшти дека се регистрирани повеќе од 60 шумски пожари, и оти повеќето од нив се во западниот дел на земјата кој е погоден од суша.
Најголемиот пожар гори на околу 205 километри југозападно од Денвер и за сега е трет најголем пожар регистриран во историјата на сојузната држава Колорадо, а се проширил на 381 квадратен километар.