Еден загинат и стотици оштетни домови при силно невреме во Франција (ВИДЕО)

Голем дел од Франција е во портокалова фаза на опасност од нестабилното време кое се прошири и кон југозападната област Нова Аквитанија.

144

Силно невреме ја зафати централна Франција, при што загина едно лице и беа предизвика штети на стотици домови.

Голем дел од Франција е во портокалова фаза на опасност од нестабилното време кое се прошири и кон југозападната област Нова Аквитанија.

Во градот Корез, од пад на дрво загинал 64-годишен човек. Во градот Сан Сорнен, пак, ветрот кој дувал со брзина од 27 метри во секунда, оштетил 800 куќи и згради, а жителите побарале засолниште во спортска сала.

Се очекува невремето што го зафати и Париз да продолжи и денеска.

Главниот град досега беше погоден од високи летни горештини и влажност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...