Мажот и жената, кои се во критична состојба во болница во Вилтшир, биле изложени на нервниот агенс „Новичок“, соопшти британската полиција.
Тоа е истата супстанца која беше употребена во нападот врз поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка.
Мажот и жената, двајцата британски граѓани, биле пронајдени во критична состојба во саботата вечер во нивниот дом во Ејмсбери, десетина километри од Солсбери, каде во март беа отруени Скрипал и ќерка му Јулија.
– По проучувањето на примероците, можам да потврдам дека мажот и жената биле изложени на невролошката супстанца Новичок, дефинирана како истата невропатска супстанца со која беа отруени Сергеј и Јулија Скрипал, изјави шефот на контраразузнавањето Нил Басу.
Локалната полиција го окарактеризира случајот како „сериозен инцидент“.
ФОТО: Твитер