Транспортерите на руда за „Фени” блокираа пат

176

Транспортери на руда за „Фени” денеска повторно излегоа на протест поради неисплатени побарувања од страна на комбинатот, во висина од околу четири милиони евра. Целосно е блокиран патот од Кавадарци кон Дреново. Трајче Пејовски, претседател на Здружението „Кипер”, појасни дека не го прифаќаат минатонеделниот предлог од „Џи Сол” сега да им биде исплатена половина од сумата, а остатокот на рати.

– Ќе бидеме тука се додека не се исполнат нашите барања, исплата во целост на долгот. „Фени” ќе биде блокиран 24 часа и нема да биде пропуштено ниедно возило, работниците ќе бидат пропуштени без проблем, фабриката мора да работи и ние не сме против неа, туку си ги бараме нашите  права – нагласи Пејовски.

Тој појасни дека викендов имале и понуда половина од парите да ја добијат сега, а остатокот после една година. Но и тоа не било прифатливо за нив.

Целосната блокада ќе трае до 15 часот. Во меѓувреме, се пропуштаат итните случаеви.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...