Албанија ги забрани пластичните кеси под 30 микрони

176

Стапи во сила одлуката на албанската влада за забрана на производство, трговија и употреба на пластични кеси послаби од 30 микрони.

– Од денеска е забрането рециклирање и користење на пластични кеси под 30 микрони. Отсега овој производ се смета за незаконски на територијата на Албанија. Затоа, во спроведувањето на оваа одлука, која e во рамките на нашата голема акција „Да ја исчистиме Албанија што ја сакаме“, потребна е заедничка ангажираност на надлежните, но и граѓаните. Го упатувам последниот јавен повик до сите корисници, увозници и производители на кеси со помалку од 30 микрони дека од денеска ќе биде невозможно да се реализира оваа активност во Албанија – порача министерот за животна средина и туризам Бленди Клоси од заедничката средба со началниците на регионалните инспекторати за животна средина.

За доследно почитување на одлуката, освен министертвото е вклучена и Управата за јавни приходи, кои ќе вршат строга контрола кај 70-те регистрирани производители на пластични кеси, трговците, увозниците, потрошувачите.

Сериозна и максимална ангажираност на средбата најави и генералната директорка на УЈП Василика Бјеро.

И покрај најавата од пред неколку дена за стапување во сила на одлуката и апелите пластичните кеси, сепак, беа во употреба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...