Резултатите од една нова студија сугерираат дека повеќегодишното консумирање на кафе би можело негативно да влијае на симптомите на Алцхајмеровата болест. Всушност, честата употреба на кофеин предизвикува проблеми во однесувањето и анксиозност.
Водителката на студијата докторката Лидија Хименез Лорт од Универзитетот во Барселона во Шпанија ги објавила резултатите во списанието „Frontiers in Pharmacology“.
Најчест симптом на Алцхајмеровата болест е губење на помнењето, но исто така треба да се земат предвид и останатите симптоми како што се халуцинациите, анксиозноста, раздразливоста и депресијата.
Иако претходното истражување покажало дека кафето би можело да го намали ризикот од заболување, кај лицата кои веќе заболеле од Алцхајмер, кофеинот нема такво дејство, тврди Хименез Лорт.
Ова истражување е спроведено на глувци.
-Не само што имаа типични когнитивни проблеми, туку многу симптоми на деменција, такашто е битно да се утврди дали предноста на кофеинот може да ги надополни негативните ефекти – наведува една од авторките на студијата Ракет Баета Корал.
Ви тринаесетмесечното истражување на глувците им се тестирани когнитивно-бихејвиоралните способности. Кај глувците кои консумирале вода со додаток на кофеин воочена е анксиозност, неофобија и страв од непознати предмети и ситуации за разлика од глувците кои пиеле чиста вода.
Освен тоа, откриле дека кофеинот не влијае толку поволно на учењето и меморијата кај глодарите.
– Дојдовме до сознание дека кофеинот има повеќекратни ефекти. Всушност, кафето повеќе ги попречува когнитивните функции, отколку што ги поттикнува – навела Хименез.