Кенискиот државен јавен обвинител Нурдин Мохамед Хаџи денеска покрена обвинение за убиство против деветмина бизнисмени и владини претставници, поради пукањето на брана пред два месеци при што загинаа околу 50 лица.
Обвинителот наведе дека неговата канцеларија подготвува судска постапка против осомничените.
Браната пукна во мај по повеќенеделни обилни дождови, поплавувајќи земјоделско земјиште во близина кенискиот град Солај во областа Накура, на 190 километри северозападно од Најроби.