Анхела Понсе влезе во историјата откако беше крунисана за Мис Шпанија, на тој начин станувајќи првата транссескуалка победничка на тој избор за убавина, но и првата транссексуалка која ќе се натпреварува на изборот за Мис Универзум.
Инаку, таа е родена како момче во Севиља.
– Мојата цел е да бидатм гласноговорник за вклучување, уважување и почитување на различностите, не само за ЛГБТ заедницата, туку за целиот свет – напиша дваесет и шестгодишната Анхела на Инстаграм.
Пред шест години Шпанците ја укинаа забраната за учество на трансродни личности во изборот на убавина. Анхела својата земја ќе ја претставува на изборот Мис Универзум подоцна оваа година.
ФОТО: Јутјуб