Орбан подготвен за разговори со Германија за мигрантското прашање

- Редоследот на настаните мора да биде - разговори меѓу Германија и Австрија, потоа разговори меѓу Австрија и Унгарија.

53

Во интервју за германски „Билд“, унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека е подготвен за разговори со Германија по прашањето на мигрантите, доколку Германија претходно постигне договор за ова прашање со Австрија.

– Редоследот на настаните мора да биде – разговори меѓу Германија и Австрија, потоа разговори меѓу Австрија и Унгарија, и на крајот, доколку позицијата на Германија е навистина јасна – разговори меѓу Унгарија и Германија, изјави Орбан, кој најави средба со австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Германската Влада е во криза поради поделбите внатре во владејачката коалиција по мигрантското прашање. Канцеларката Ангела Меркел и нејзиниот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер постигнаа согласност да се отворат кампови за мигранти на германска територија во кои ќе се разгледуваат нивните барања за азил и за враќање на мигрантите кои веќе поднеле барање за азил во друга земја членка на ЕУ. Европската Комисија но и засегнатите членки на ЕУ, како Австрија и Унгарија, го разгледуваат овој договор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...