Милионерот Батиста осуден на 30 години затвор за корупција

279

Бизнисменот Ејке Батиста, кој пред неколку години се сметаше за најбогатиот човек во Бразил, е осуден на 30 години затвор за корупција и перење пари, јави бразилската телевизија „Глобо“.

Судот ја прифати верзијата на обвинението, според која бизнисменот му дал поткуп од 16,5 милиони долари на поранешниот гувернер на државата Рио де Женеиро, Сержио Кабрал, кој беше уапсен во ноември 2016 година под сомневање за корупција. Поранешниот висок функционер беше прогласен за виновен во случајот и беше осуден на 22 години и осум месеци затвор.

Адвокатите на бизнiсменот соопштија дека ќе поднесат жалба против пресудата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...