Двајца повредени во пукање во основно училиште во Канзас

60

Две лица се тешко повредени во пукање во основно училиште во сојузната американска држава Канзас.

Портпаролот на локалната полиција Џон Лејси изјави дека се претпоставува дека на пукањето му претходела расправија меѓу работници кои поставувале вештачка трева во дворот на училиштето.

За среќа, за време на пукањето во училиштето немало ученици.

Осомничениот напаѓач избегал, а полицијата сѐ уште трага по него.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...