Поранешната американска државна секретарка, поранешен претседателски кандидат, Хилари Клинтон денеска упати апел до претседателот Доналд Трамп да ја заштити државата од „Русите кои и понатаму доаѓаат“.
– Зборувам како поранешна државна секретарка и Американка: Русите и понатаму доаѓаат. Нашите разузнавачки агенции го поттикнуваат Трамп да дејствува. Дали тој ќе продолжи да ги игнорира и да се предаде или ќе ја заштити нашата држава, напиша Клинтон на Твитер.
Трамп, пред неколку недели, поради тврдењата на демоикратите дека е во дослух со Русија, на Твитер напиша дека Русите единствено биле во дослух со Демократската партија и нивната кандидатка Хилари Клинтон, како и дека Русите не влијале на резултатите од изборите.