За бесплатно лекување државата ќе даде 7.6 милиони евра

114

Буџетот за бесплатното болничко лекување кое, како што најави премиерот Зоран Заев, ќе стартува од 1 јануари 2019 година, ќе изнесува околу 7,6 милиони евра.

– Според досегашните проценки буџетот ќе изнесува околу 7,6 милиони евра. Тоа е партиципацијата која граѓаните ја плаќаат за болничко лекување, односно за останување во болница. Тие пари ќе ги покрие државниот буџет и граѓаните нема да плаќаат за болничко лекување – рече премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Прилеп.

Пролетта, како што рече, донесена е одлука за бесплатно болничко лекување за децата на примателите на социјална помош и за нив, а  се надевам дека од 1 јануари следната година тоа ќе важи за сите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...