Најинтелигентни сериски убијци во досегашната историја

439

Сериски убијци се сметаат луѓе кои во одреден период убиле најмалку три лица, иако според некои параметри во некои држави таа бројка се намалила на две убиства. За нив се зборува дека се просечно интелигентни луѓе, но повеќето од нив всушност биле генијалци.

Џон Кристи

Роден е во Јоркшир, Англија, на 8 април 1899 година. Џон Кристи убил осум жени (можеби и повеќе), давејќи ги или ги принудувал да вдишат отровни гасови. Нивните мртви тела ги чувал во својот стан на Нотинг Хил, а едно дури го криел под подот. Бил добар студент, со коефициент на интелигенција 128, што е над просечно. Од британската војска дури добил и стипендија за школување.

Едмунд Кемпер

Роден е на 18 декември 1948 година во Барбанк, Калифорнија. На 15-годишна возраст добил затворска казна бидејќи со пиштол ги убил своите баба и дедо, но е ослободен кога наполнил 21 година. Добил прекар Ко-Ед Килер бидејќи убил и масакрирал шест девојки од колеџот. Во април 1973 година ја убил мајка си додека спиела и го задавил нејзиниот најдобар пријател. И покрај психичкото нарушување, Едмунд е речиси гениј со коефициент на интелигенција од 136. Својата интелигенција ја искористил за напуштање на психијатриската установа, откако ги измамил лекарите на тестот за отпуштање од установата, запомнувајќи ги сите одговори.

Тед Банди

Тој е роден на 24 ноември 1949 година во Бурлингтон, Вермонт. Тед бил на прв поглед привлечен и шармантен, но зад таквиот физички изглед се криел ладнокрвен убиец. Точниот бриј на неговите жртви не е потврден, но се смета дека убил 36 жени во различни држави, од кои најмладата имала само 12 години. При тестирањата неговиот коефициент на интелигенција изнесувал 136. Ја користел својата ментална дарба за да ги измами жртвите, глумејќи им дека е полицаец. По образование бил психолог.

Кристен Гилберт

Атрактивната и привлечна Кристен е родена во Фол Ривер во Масачусетс на 13 ноември 1967 година. Кога се вработила во медицински центар за ветерани, биле пријавени голем број смртни случаи во нејзините смени. Утврдено е дека е виновна за четири смртни случаи, а се претпоставува дека можеби биле и до 40, предизвикувајќи срцеви удари со вбризгување на епинефрин. Во училиште била одлична ученичка и дипломирала година и пол пред останатите.

Џорџ Расел Јуниор

Познат како „Убиец од Источниот брег“, Џорџ Расел е роден во април 1958 година. Иако бил шармантен, како тинејџер покажувал симптоми на социопатија и насилничко однесување. Развил омраза кон жените, брутално убил три и морбидно ги експонирал. Иако го напуштил училиштето, бил многу интелигентен. Еден период од својот живот работел во полиција.

Ендрју Канана

Тој е роден на 31 август 1969 година во Калифорнија. Канана се наоѓал и на ФБИ потерница. Бил впечатлив, геј-жиголо кој посетувал клубови за хомосексуалци во потрага по богати мажи во Сан Франциско. Убил пет луѓе, а меѓу нив и познатиот моден дизајнер Џани Версаче. Канана го сметале за гениј, имал коефициент на интелигенција 147, во училиште бил одличен ученик, имал фотографско паметење и зборувал седум јазици.

Керол Едвард Кол

Кол е роден на 9 мај 1938 година во Сијукс Сити, во Ајова. Пораснал покрај проблематична и агресивна мајка. Поради омразата кон својата мајка, Кол задавил 13 жени, убил речиси 35, кои го потсетувале на неа. Кога имал 14 години ја тестирал интелигенцијата и коефициентот му изнесувал 152. Во училиште бил лош ученик, а причина за тоа биле менталното нарушување и конзумирањето дроги.

Шарлин Вилијамс

Шарлин Адел Вилијамс е родена на 10 октомри 1956 година во Стоктон, Калифорнија. Иако нејзиниот сопруг всушност бил убиец, таа учествувала во киднапирање и силување на девет жени и еден маж, а некои од тие жени биле 13-годишни девојчиња. Била неверојатно интелигентна жена, со коефициент 160. Имала фотографско паметење и била виртуоз на виолина.

Родни Алкала

Познат како „Убиец на играта на спојување двојки“ – Родни Џејмс Алкала е роден на 23 август 1943 година во Сан Антонио, во Тексас. Од 1977 до 1979 година убил осум жени, но се претпоставува дека бројот на неговите жртви е дури 100. Прекарот го добил откако во 1978 година се појавил во телевиското шоу Игра на спојување двојки, во кое победил. Бил гениј со коефициент на интелигенција 160. Бил ученик на генерација, свирел клавир, имал голем број пријатели и студирал на Академија за ликовни уметности во Њујорк.

Тед Кацински

Теодор Џон Кацински е роден на 22 мај 1942 година во Чикаго, а историјата го памети според прекарот Унабомбер. Тој им испраќал бомби на своите жртви, за разлика од многу други сериски убијци. Неговите жртви главно биле професори и во период од 20 години, повредил 23 и убил три лица. Во петто одделение правел тест за интелигенција и коефициентот му изнесувал 167. Бил гениј, прескокнал неколку одделенија и посетувал разни воншколски активности, како што се шах, биологија, германски јазик и математика. На 16-годишна возраст добил стипендија од Харвард. По дипломирањето станал доктор по математика на Универзитетот во Мичиген и работел како професор на Универзитетот Беркли во Калифорнија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...