Либиските власти соопштија дека 63 мигранти се водат како исчезнати, откако во неделата потонал гумениот чамец со кој патувале.
Генералот Ајуб Касем соопшти дека по инцидентот, што се случил во близина на Гарабули, либиската крајбрежна стража спасила 41 мигрант.
Гарабули е едно од главните места за испловување на бродчиња со мигранти и крајбрежната стража секојдневно интервенира да им помогне на мигрантски бродови.
При потонувањето на брод кај Гарабули во петокот, Либијците ги извлекле телата на три бебиња и спасиле 16 лица, а стотина други патници кои биле на бродот се прогласени за исчезнати.
По затворањето на италијанската рута, повеќето мигранти кои Либијците ќе ги спасат од Средоземното Море, се враќаат назад во прифатни центри во Либија. Од петокот, вкупно 1.000 лица биле одведени во центрите.
ФОТО: Твитер