Повеќето луѓе неправилно ги мијат рацете

796

Најново истражување во САД покажало дека 97 отсто од луѓето неправилно ги мијат рацете и тоа претставува проблем, кој може да предизвика ширење на бактериите на предмети, а потоа и на други лица.

Според американското Министерство за земјоделство, кое го спроведе ова истражување, луѓето не ги исполнуваат потребните услови за правилно миење на рацете.

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести наведува дека основен услов за рацете да ви бидат доволно чисти е најмалку 20 секунди да се мијат со сапун.

Со истражувањето биле опфатени 363 лица, кои биле тестирани во шест одделни простории, при што било откриено дека речиси сите не го исполниле основниот услов за миење раце.

Освен тоа е утврдено дека голем број од нив не ги избришале воопшто рацете, а многумина тоа го направиле делумно.

Експертите потенцираат дека лошо измиените и исушени раце се многу ефикасен начин за ширење на бактериите врз предмети.

– Не можете да ги видите, ниту да ги почувствувате, но тоа не значи дека бактериите не се тука. Со правилно миење на рацете можете да го заштитите вашето семејство и да ги спречите бактериите да ја загадат вашата кујна и храна – наведуваат експертите.

Со ова истражување било откриено дека многу често поради неправилно измиени раце, бактерии можат да се најдат на рачките од фрижидерите, но и на малите кујнски предмети, како соларници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...