Британскиот актер Хју Грант (58) гостуваше во емисијата на Сет Мејерс, „Доцни ноќни разговори“ и опиша една непријатна ситуација која ја доживеал во Париз, каде бил во присуство на неговата сопруга Ана.
Хју раскажал дека додека со возеле во такси со сопругата, сфатил дека во себе немал готовина за да плати, па го замолил таксистот да го однесе до банкомат. Кога пристигнале до банкомат, Хју погледнал дека банкоматот не е во функција и се упатил назад кон таксистот и сфатил дека лутиот шофер одлучил да си замине со неговата сопруга во автомобил.
– Ме фати паника и ѝ реков на сопругата: „Излегувај од автомобилот!“, а таксистот рече: „Што правиш?“, а јас му одговорив: „Таксиметарот не ти работи, па нема да ти платиме“. Во тој момент замина со автомобилот и мојата сопруга – рекол Грант, но не објаснил како ситуацијата на крајот се разрешила.
– Секогаш влегувам во расправија со таксистите во Париз – рекол актерот.