Принцот Хари одби да ја држи за рака Меган Маркл во јавноста (ВИДЕО)

3279

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл никако да го научи непишаното правило на однесување за тоа дека нема покажување на нежности и наклоности во јавноста.

Како што пренесуваат светските медиуми, таа пак имала „гаф“, но овојпат ја запрел нејзиниот сопруг принцот Хари, одбивајќи тактично да ја земе нејзината рака во својата.

Непишано правило е двојките од кралското семјество да не можат да ја покажуваат наклоноста еден на друг во јавноста. Имајќи предвид дека медениот месец се уште е во тек, а емоциите по прекрасната венчавка и понатаму се силни, Меган никако не може да се навикне на строгите правила, посебно затоа што уште во претходните недели и беше дозволувано да ги крши и да го искажува она што го чувствува.

Се се случило на приемот за млади лидери во Бакингемската палата. Меган посегнала по раката на принцот Хари, а тој брзо ја тргнал својата рака и ја ставил пред себе, што е малку непријатно додека одел, особено зад кралицата. Не се во прашање проблеми во рајот, туку тој се придржува на кралските манири во присуство на кралицата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...