„Поштенска бајка“ вечерва во Детскиот театарски центар

221

Во Детскиот театарски центар вечерва ќе се одигра премиерата на театарската претстава за деца „Поштенска бајка“ – Карел Чапек, со почеток во 19 часот. Влезот за претставата е слободен.

Претставата „Поштенска бајка” ќе ни овозможи преку сказната и акумулираната театарска традиција, да се смееме на човечките грешки и да раскажеме за вистинско пријателство и љубов помеѓу двајца луѓе.

Со почеток пак, во  21.30 часот, ќе се одржи концерт на на Дувачкиот квинтет„ЈОЗЕФ ХАЈДН БРАС“ (JOSEPH HAYDN BRASS) – Австрија, на Плоштад „Мајка Тереза“, односно на платото пред Македонска опера и балет.

Овој концерт е во соработка со Амбасадата на Република Австрија.

„Јoseph Haydn Brass“ (Јозеф Хајдн Брас) е основан во Ајзенштат (Eisenstatt) Австрија. Во 2000 година се споија пет сосема различни музичари. Меѓутоа, љубовта кон музиката на Џозеф Хајдн ги соедини и до ден денес тие го сочинуваат јадрото на ансамблот. Ансамблот Јозеф Хајдн Брас ја доживува изведбата на дела на нивниот имењак и неговите современици – како Моцарт и Бетовен – како суштински уметнички предизвик. Нивните дела – светски како и сакрали – претставуваат тежиште на нивниот разноврсен репертоар. Со изведби на диксиленд и џез, ансамблот покажува колку е диференцирана и избалансирана нивната уметничка насока.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...