Француската министерка за правда Никол Белубе изјави дека дроновите кои се забележани пред повеќе месеци над затворот во Рео можеби се поврзани со бегствиото на Редоан Фаид, кој од затворот побегна со хеликоптер.
Според неа, властите ги истражуваат пропустите во безбедносниот систем кој им овозможи на добро вооружени мажи да се спуштат со хеликоптер во дворот на затворот и да одлетаат со затвореникот.
Подоцна хеликоптерот е пронајден запален во полето.
Француските медиуми објавија дека тројца мажи го киднапирале пилотот, а подоцна го ослободиле.
Братот на Фаид е притворен.
Францускиот премиер Едуар Филип изјави дека 2.900 полицајци трагаат по Фаид.
Тоа не е прво бегство на Фаид од затвор. Во 2013 година побегна од затвор со помош на динамит.
Тој растел во имигрантските предградија на Париз, вооружен е и посебно опасен.
Пред неколку години беше коавтор на две книги, во кои ги призна своите злосторства. Во книгите наведе дека за живот на криминалец бил инспириран од американските филомови, како на пример „Лице со лузна“.
ФОТО: Твитер