Роби Вилијамс јавно проговори за „помрачувања во главата“

312

Познатиот пејач Роби Вилијамс јавно се пожали дека се чувствува како нешто постојано да му недостасува и дека се бори со „некој облик на ментално заболување”.

Пејачот неодамна, за лондонското „Радио 2“ проговори за својата битка со депресијата и рече дека има „помрачувања во главата“.

– Не знам во кој спектар се наоѓам, но секој ден е поинаков, па дури и ако ги правам истите работи. Некои денови едноставно не можам да си објаснам зошто не можам да станам од креветот, изјави Вилијамс.

Натаму, тој раскажува како откако тој и неговата сопруга Ајда Филд ги добиле ќеркичката Теодора (5) и синот Чарлтон (3), почнал повеќе да го вреднува животот.

– Имам опсесија да го пребарувам своето име на Гугл, барајќи негативни коментари за себе. Тоа е истовремено и проклетство и благослов, оти постојано читам дека сум глупав и дека не знам да пеам, но тоа ме турка напред. Затоа денес сум тоа што сум, вели тој.

Претходно, Вилијамс неколкупати изјавуваше дека е блиску до смртта и го споредуваше својот „живот полн подеми и падови“ со оној на покојниот Џорџ Мајкл.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...