Убиен градоначалникот на Танауан

97

Градоначалникот на Танауан на Филипини, Антонио Кондо Халили денеска е убиен за време на церемонијата на кревање на знаме.

Се претпоставува дека Халили е погоден само од еден куршум додека заедно со над 100 службеници и новоизбрани лидери ја пееше националната химна на паркинг пред градското собрание, апотоа напаѓачот побегнал.

Халили е познат по тоа што ги принудуваше осомничените за продажба на дрога да шетаат низ улиците на градот.

Градоначалникот Халили беше обвинуван дека и тој е поврзан со дилерите на дрога.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...