„Сандеј тајмс“: Британскиот кабинет тајно подготвува план за дејствување при смрт на кралицата

601
ФОТО: EPA/WILL OLIVER

Членови на британскиот кабинет првпат направиле тајна подготовка за тоа како ќе дејствува Владата за време на 10-дневната национална жалост, која ќе биде прогласена кога кралицата Елизабета Втора ќе почине, пишува весникот „Сандеј тајмс“.

Дејвид Лидингтон, заменик на премиерката Тереза Меј, претседавал со седницата во четвртокот, на која учествувале британскиот министер за внатрешни работи Саџид Џавид, лидерот и лорд-претседателот на Тајниот совет при Домот на општините Андреа Ледсом и министерот за Шкотска, Дејвид Мандел.

Весникот наведува дека подготовката, наречена „Castle Dove“, била фокусирана на „D+1“ – првиот ден по смртта на кралицата, кога министрите треба да одлучат во кој момент премиерот да даде изјава за јавноста.

Оваа вежба не била поттикната од никаква можна загриженост поради здравјето на кралицата, но сепак се одржа истата седмица кога 92-годишната кралица Елизабета Втора не се појави на литургија во катедралата „Сент Пол“ во Лондон, бидејќи не се чувствувала добро. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...