Трамп и шестгодишник највлијателни на Интернет

На листата се најде и шестгодишникот Рајан, кој стана мултимилионер играјќи со играчки на Јутјуб на популарниот семеен канал „Рајан тојс ривју“

213
ФОТО: EPA/JIM LO SCALZO

Магазинот „Тајм“ ја објави годишната листа на највлијателни луѓе на интернет, на која има вкупно 25 личности.

Меѓу највлијателните се најдоа и пејачката Ријана, американскиот претседател Доналд Трамп, шестгодишниот јутјубер Рајан („Рајан тојсривју“), јужнокорејскиот бенд „БТС“, раперот Канје Вест, учениците од Паркленд и Кајли Џенер.

Единствен политичар на листата

За изборот на Трамп меѓу 25-те највлијателни личности на интернет, „Тајм бележи“: „Рузвелт го имаше радиото, Кенеди телевизијата, а Трамп – Твитер“. Претседателот на САД е многу активен на својот профил на Твитер. Имаше и објави во медиуми дека буквално никој во Белата куќа не можел да се справи со навиката за твитање на претседателот на САД, Доналд Трамп, дури ни неговата сопруга Меланија, ниту, пак, неговата ќерка Иванка не можеле да го убедат дека треба малку да се контролира во врска со социјалната мрежа.

Влијателно дете

На листата се најде и шестгодишникот Рајан, кој стана мултимилионер играјќи со играчки на Јутјуб. Детето, домаќин на популарниот семеен Јутјуб канал „Рајан тојс ривју“, каде што споделува мислење за играчките, минатата година заработи 11 милиони долари благодарение на неговиот „ангажман“ на видеоплатформата. Според „Форбс“, Рајан е на деветто место на листата на Јутјуб милионери, односно најплатени Јутјуб ѕвезди.

Ријана

Магазинот меѓу највлијателните ја впиша и пејачката Ријана. За неа забележа дека кога Ријана ќе објави нешто на интернет, светот слушаш, а пари и следбеници не престануваат да надоаѓаат.

Изборот

„Тајм“ напиша дека за нивниот четврти избор на највлијателни личности на интернет, без да се прави посебно рангирање, предвид го имале глобалното влијание на лицата на социјалните мрежи и нивната севкупна моќ да преовладуваат во вестите.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...