Холивудската актерка Сузан Сарандон е уапсена на протест против мигрантската политика на Доналд Трамп, јавија американските медиуми.
Актерката била уапсена со уште 574 лица, кои протестирале против политиката на Трамп кон мигрантите, а во текот на протестот извикувале: „Ние се грижиме“.
Протестот кулминирал кога протестантите се завиткале во фолија, потсетувајќи на сребрените ќебиња што ги носеле децата мигранти. Сарандон (71) за време на протестот пишувала на Твитер, а веднаш потоа била приведена.
– Уапсена сум. Останете силни. Продолжете да се борите – објавила актерката на социјалната мрежа.
Сузан беше социјално активна и за предизборната кампања, нагласувајќи дека САД на местото на претседател сакаат „вистинска жена“, иако не ја поддржуваше ниту Хилари Клинтон и за неа изјави дека е „многу опасна“ и дека САД би биле во војна доколку таа станела претседател.