Американската тенисерка Серена Вилијамс многу сака да биде мајка. Тенисерката дури мисли да го остави спортот и да се концентрира на мајчинството.
Во разговор со новинарите, поранешната најдобра светска тенисерка открива дека мисли за второ бебе.
– Не сум сигурна дали сакам да играм откако се породив. Но, за почеток треба да разговарам за идејата со Алексис. Ни треба добар план.
Според неа, ова решение е поврзано со неа и тренинзите, кои ја спречуваат за грижата на нејзината ќерка. Помеѓу 2 и 4 часот таа го дои бебето, а потоа оди во спортската сала.
На прашањето дали се уште ја дои својата ќерка, Серена сподели:
– Да, и на сето тоа, земам пумпата за гради со мене во соблекувалната, бидејќи моите гради се толку големи. Откако ќе истече мајчиното млеко, тие се намалуваат за еден до два броја и тогаш излегувам да играм. Тоа е безумие -истакнува Вилијамс.
Во 2015 година Вилијамс започна романтична врска со Алексис Оханјан. Во септември минатата година се роди нивната ќерка Олимпија.
За 35-годишната спортистка и нејзиниот 33-годишен избраник, ова е прво дете. Во ноември минатата година двајцата се венчаа, а за медениот месец беа на Бахамите.