Харадинај бара САД или Германија да посредуваат во преговорите со Србија

228

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска изјави дека би сакал да се вклучат САД или Германија како нов посредник во преговорите со Србија, од која Косово се отцепи во 2008 година.

Во интервју за телевизија РТК, Харадинај изјави дека посредниците кои го набљудуваат мировниот процес во последните 10 години, е малку веројатно да постигнат напредок во иднина.

Преговорите за нормализирање на односите меѓу Приштина и Белград ги посредува Европската унија.

– Единствената можност да го насочиме дијалогот во друга насока е влегувањето на нова сила, изјави Харадинај за РТК. Ако САД медијаторот да е членка на ЕУ, тогаш нека учествува Германија – вели тој.

Косово е признато од над 110 земји во светот од прогласувањето на независноста од пред една деценија, вклучувајќи ги САД и 23 од 28-те членки на ЕУ.

Србија се противи на независноста на својата поранешна покраина и го блокира влезот на Косово во ОН со помош на Русија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...