Шербеџија: Не ме уапсија, имав испиено само три чаши вино

326

Познатиот актер Раде Шербеџија откри што всушност се случувало на улиците во Калифорнија минатиот викенд.

Иако светските медиуми објавија дека тој бил уапсен за возење под дејство на алкохол, Шербеџија вели дека станува збор само за рутинска контрола и дека платил парична казна на самото место.

– Немаше никаков сообраќаен прекршок. Тие ме застанаа за рутинска контрола и бидејќи имав испиено три чаши вино, алкотестот покажа алкохол во крвта малку над дозволената граница – рече актерот за српски „Блиц“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...