Надворешниот бруто долг на Македонија на крајот на 2017 година изнесувал 7,403 милијарди евра што е за 187 милиони евра повеќе од 2016 година, информира Народната банка.
Зголемувањето на долгот е последица на пораст на долгот во приватниот сектор за 170 милиони евра додека помалиот дел се однесува на задолжување на јавниот сектор.
Македонскиот надворешен долг беше намален во последниот квартал од минатата година за 248 милиони евра во јавниот сектор, а во приватниот сектор, во истиот период, е забележан пораст за девет милиони евра.
Просечната каматна стапка на вкупните кредитни средства во мај беше 5,61 отсто.