Американскиот амбасадор во Естонија, Џејмс Мелвил поднесе оставка, бидејќи, како што рече, е разочаран од коментарите на претседателот на САД, Доналд Трамп за Европската Унија и неговиот однос со европските сојузници на Вашингтон.
„Кога претседателот вели дека ЕУ е „востановена да ги користи САД, да ја напаѓа нашата „свиња банка“, или дека „НАТО е лош како НАФТА”, тоа фактички не погрешно, но, за мене е доказ дека е време да си одам“, напиша амбасадорот Џејмс Мелвил на Фејсбук.
Тој вели и дека, откако тој бил во служба под мандати на шест претседатели и 11 државни секретари на САД, никогаш не помислил дека ќе дојде до оваа точка.