Актерот Раде Шербеџија бил уапсен во САД поради возење во пијана состојба, откако полицајците забележале дека неговиот автомобил оди лево-десно, односно не се движи како што треба, и за малку ќе удрел неколку возила, јавува американскиот портал ТМЗ.
Полицајците од Санта Моника минатиот викенд, откако го застанел автомобилот, марка „лексус“, на Шербеџија , виделе дека 71-годишен е во пијана состојба.
Според полицајците, во автомобилот имало отворено шише виски.
Полицијата го уапсила Шербеџија, подоцна тој бил пуштен откако била платена кауција.