Убавата Талида Тамер се појави на насловната страница на Харперс Базар Арабиа и ќе стане прва манекенка од земјите на средниот исток која ќе се појави на париската недела на модата.
Осаумнаесетгодишната Тамер би можела да стане прв супер модел од Саудиска Арабија.
Родена од мајка Иатлијанка и татко Саудиец, Талида се надева дека ќе постави нови модни стандарди за својата земја, а како свој голем идол ја наведува Хизел Биндшен.
– Кога почнав да се занимавам со манекенство не нѝ сонував дека би можела да станам прв саудиски супер модел, но мислам дека е вистинско време нашата модна индустрија да ги прошири видиците. Кога бев помлада не размислував дека не гледам жени од Саудиска Арабија на насловните страници на списанијата, но кога пораснав често се прашував зошто жените од насловните не изгледаат како мене. Зошто да не позирам на начин кој ја почитува нашата култура – рекла таа.
Талида љубовта кон манекенството ја наследила од мајка и Кристина која и самата била модел и соработувала со брендови како Армани и Ла Перле, а татко и Ајман Тамер е претседател на голема фармацевтска корпорација.