Во Австрија во иднина луѓето кои сметаат дека не се ниту машки ниту женски пол, во официјалните документи ќе можат да внесат нов полов идентитет, но се уште не е одлучено кој назив ќе се користи за „третиот пол“.
Уставниот суд на Австрија донесе одлука лицата чиј пол не е јасно ниту женски, ниту машки, ќе имаат право на соодветен внес во регистерот на граѓани.
Засега не е одлучено кој ќе биде називот на третиот пол, но австриските медиуми шпекулираат со термините „меѓу“ и „отворено“.