Доналд Трамп ја брани Меланија: Не беше на естетски зафат туку на операција на бубрезите

Првата дама на Америка Меланија Трамп неодамна имаше здравствени проблеми, а како што се дозна, во прашање бил бенигнен тумор на бубрезите, поради што мораше да биде оперирана.

874

Првата дама на Америка Меланија Трамп неодамна имаше здравствени проблеми, а како што се дозна, во прашање бил бенигнен тумор на бубрезите, поради што мораше да биде оперирана. Сега кога боледувањето завршило, во светските медиуми се појавија сомненија дека таа била на естетски зафати и на затегнување на лицето.

Поради тоа реагирал и самиот претседател на Америка.

Доналд Трамп во текот на службената посета на Јужна Каролина, зборувал и за здравствената состојба на својата сопруга Меланија.
– Таа е добро. Медиумите сешто шпекулираа. Зборуваа дека била на затегнување на лицето. Не, не беше. Би ви рекол доколку тоа го направеше. Тоа не може да се скрие долго време – објаснил Трамп.

Шефот на Белата куќа најмногу го забавувале приказните дека сопругата го напуштила.

– Тврдеа и дека Меланија од Белата куќа се преселила во Њујорк. А, всушност, единствената работа што не ја рекоа е вистината, а тоа е дека Меланија сака својот приватен живот да го држи што подалеку од медиумите и од јавноста – заклучил американскиот претседател.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...