Откако се разведе од актерот Том Круз, Кејти Холмс многу ретко се провлекуваше низ таблоидите, а кога и тоа ќе се случеше, беше главно поради написот дека бившиот сопруг не ја гледа ќерката Сури.
Пред неколку години работите се променија и Кејти се најде на насловните страници поради тајната врска со актерот Џејми Фокс. Двојката наводна врската ја криела поради клаузулата на која во текот на бракоразводната парница инсистирал Том Круз , а во која се наведува во нередните пет години од разводот Кејти не смее да биде видена со друг маж, ниту нов маж во нејзиниот живот смее да се зближува со малата Сури.
На крајот на минатата година одлучија повеќе да не се кријат, па папараците ги фотографираа во романтична прошетка по плажата во Малибу. Се држеа за раце и судејќи по изразите на нивните лица, се гледало дека се неизмерно среќни.
Се шпекулираше тогаш дека дури планирале и венчавка и дека малата Сури одлично го прифатила Џејми, токму како и неговата ќерка Кејти.
Но, дека работите не се совршени во нивниот однос, се дознало оваа недела. Британските таблоиди, како и американските, пишуват дека Џејми бил неверен, за што Кејти дознала дури неодамна.
– Кејти имаше проблеми и не му верува на Џејми. Откри дека со години ја изневерувал со друга жена – рекол неименуван извор близок на актерката, пренесува британски „Мирор“ додавајќи: „Немаше кавги и врескање, само тага. Кејти му се јави и му рече дека не може повеќе, тој се извини и тоа е тоа“, додал изворот.
Во меѓувреме се огласи портпаролот на Кејти Холмс кој ги негираше наводите дека актерката раскинала со Џејми Фокс.