Фотографијата на Мариза Папен (26) на која се гледа како се сонча гола на терасата на некоја приватна куќа со поглед на плоштадот пред Ѕидот на плачот е на продажба во една галерија во белгиското летувалиште Кноке, објавија белгиските медиуми.
Манекенката се испружила на пластичен стол со затворени очи, а во позадина се гледа женскиот дел на Ѕидот на плачот, најсветото место на кое Евреите можат да се молат.
Потписот под фотографијата е „Пат до ослободувањето“, но на неа не се гледа ниту еден дел од џамијата ал-Акса, трета по значење во исламот, која се наоѓа над плоштадот и фотографот сигурно можел да ја воочи, наведува Еврејската телеграфската агенција (ЈТА).
Меѓутоа, фотографот Матијас Лембрехт тоа го порекнал, тврдејќи дека џамијата не се гледала и дека не е и исечена.
На поканата за отворање на изложбата е фотографијата на истата манекенка на која се гледа дека го опчекорила јарболот со израелско знаме.
Мариза Папен во Египет лани беше затворена 24 часа, бидејќи позирала гола во Луксор.
Фондацијата за наследство на Западниот ѕид во соопштението оценила дека изложената фотографија е сериозен инцидент, а рабинот задолжен за Ѕидот на плачот Шмуел Рабинович го означил за несреќен и непријатен, оценувајќи дека ги навредува оние кои се молат на тоа свето место.
Фотографиите можете да ги видите тука.
ФОТО: Твитер