Силк Роуд Банка АД Скопје го продолжи промотивниот период на кредитните производи за физички лица до 31.12.2018 година.
Корисниците до тогаш можат да аплицираат за станбен и за потрошувачки кредит без административни трошоци за обработка на барањето, без трошоци за провизија и без трошоци за рефинансирање на кредити од други банки, како и без трошоци за проценка за станбен и хипотекарен кредит.
За дополнителни информации околу производите и услугите на банката проверете на веб страната www.silkroadbank.mk