Уапсена Сузан Сарандон (ВИДЕО)

Славната актерка Сузан Сарандон беше меѓу 575 жени уапсени во четвртокот во Вашингтон откако протестираа седејќи против политиката на имиграција на Доналд Трамп .

1391

Славната актерка Сузан Сарандон беше меѓу 575 жени уапсени во четвртокот во Вашингтон откако протестираа седејќи против политиката на имиграција на Доналд Трамп за нулта толеранција во канцеларијата на Сенатот во Министерството за правда.

Актерката твитаѓе постојано од протестот, на кој таа и другите демонстранти држеа плакати, барајќи крај на имиграциските кампови, на кои пишуваше: „Ние се грижиме“ – што се однесува на контроверзната јакна што ја носеше првата дама Меланија Трамп кога го посети центарот за мигранти минатата недела.

На протестот се извикуваа пароли „Што сакаме? Слободни семејства!“ и „Вака треба да изгледа демократијата“,пред протестантките да бидат уапсени, обвинети, а потоа ослободени.

Организаторите на женскиот марш и Центарот за народна демократија поделија покривки од фолија како оние што ги носат децата одделени од нивните родители на границата меѓу САД и Мексико.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...