Канаѓанец продавал вода од виршли како врвен еликсир за здравје

Знаејќи дека луѓето се подготвени да издвојат поголема сума пари за нешто што би ги направило здрави, еден уметник од Ванкувер, Канада.

134

Знаејќи дека луѓето се подготвени да издвојат поголема сума пари за нешто што би ги направило здрави, еден уметник од Ванкувер, Канада, почнал да продава вода во која се вареле виршли на уличен фестивал. И секако, луѓе тоа го купувале.

Даглас Беванс го продавал „еликсирот“ под името „Хот-дог вода”. Како што вели, тој сварил околу 100 органски виршли, а потоа водата во која се вареле ја претурил во шишињата. Приготвениот напиток го продавал по цена од 38 долари за едно шише.

На крај од неделата имало и специјална понуда – две шишиња за „само“ 75 долари (намалување од само еден долар).

Канаѓанецот на заинтересираните купувачи им ветувал исклучителни здравствени придобивки, како што се слабеење, млад изглед и, секако – подобра работа на мозокот.

Беванс за порталот „Ванкуриер“ открива дека така продал вкупно 60 литри од „еликсирот за здравје“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...