Јужнокорејските фудбалери може да бидат „казнети“ со служење воен рок

Законите на Јужна Кореја налагаат дека полнолетните мажи помлади од 35 години, мора да отслужат воен рок.

582

Јужнокорејските фудбалери ги освоија симпатиите на светот со исфрлање на фаворитот Германија од натамошното натпреварување. Но, тие најверојатно ќе мора да служат војска оти и самите го завршија својот настап на Светското првенство во Русија, откако завршија на трето место во својата група, зад Шведска и Мексико.

Законите на Јужна Кореја налагаат дека полнолетните мажи помлади од 35 години, мора да отслужат воен рок. Сепак, праксата покажа дека кај многу успешни спортисти, властите прават исклучок, на пример кај Јужнокорејците кои освоиле олимписки медал.

Сепак, потиснувањето на актуелниот светски шампион Германија на четвртото место во групата, се чини, не е доволно за јужнокрејските фудбалери.

– Не е фер. Тие сега се казнети (да отслужат воен рок). Тоа ќе влијае лошо на нивните идни настапи за репрезентацијата, гласи еден коментар на загрижен навивач на социјалните мрежи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...