Патник со лошата миризба предизвикал принудно слетување на авион

Подоцна, 58-годишниот Сучилин починал.

187

Рускиот музичар Андреј Сучилин предизвикал принудно слетување на авион на компанијата Трансавија, поради неподносливата миризба која се ширела од него.

– Мирисаше како да не се избањал со недели. На неколкумина патници им се слоши – изјавил еден од патниците во авионот.

Поради тоа, авионот морал да слета во Португалија, а на Русинот му била укажана и лекарска помош. Се покажало дека тој на летувањето на Канарските Острови, добил инфекција што му предизвикала некроза (предвремено умирање на клетките), и тоа било причина за смрдеата.

Кога ја откриле, инфекцијата веќе имала зафатено голем дел од неговото тело, па подоцна, 58-годишниот Сучилин и починал.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...